-->
-->
Прв случај на птичји грип на живинарска фарма во Словенија
-->
Прв случај на птичји грип Х5Н1 кај домашната живина годинава е регистриран на мала фарма во општина Словенска Бистрица во Словенија, соопшти денеска словенечката Управа за безбедност на храна.
Словенечките власти ги повикуваат одгледувачите на живина да спроведат строги превентивни мерки.
– Извештајот на фармата покажа зголемување на смртноста кај живината, соопштија властите и ја повторија важноста од рано откривање за земјоделците, пренесува новинската агенција СТА.
На почетокот на декември, птичјиот грип почна да се шири во Европа, а досега идентификуваните подвидови на заразата не претставуваат значителен ризик од инфекција кај луѓето, соопштија властите.
Болеста се пренесува преку контакт меѓу животните од нивниот измет, контаминирани неварени производи (јајца, месо), контаминирана храна, вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
