Прв случај на омикрон во Србија

Новата варијанта на коронавирусот – омикрон е потврдена денеска во Србија, изјави за Нова.рс професорката на Медицинскиот факултет и член на Кризниот штаб, Тања Јовановиќ.
– Новиот вид на коронавирус е потврден кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија. Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен, објасни Јовановиќ, додавајќи дека засега нема причина за паника и дека се следи и контролира ситуацијата.
Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој.
Според прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.
Се наведува дека досега се собрани ограничен број податоци и дека нема потврдени докази за тоа колку вакцините се ефективни против омикронот.
СЗО забележа дека прелиминарните податоци покажуваат оти новиот вид ќе биде помалку опасен, бидејќи повеќето случаи биле асимптоматски или со благи до умерени симптоми.
СЗО наведува дека сојот омикрон е потврден во 63 земји и дека според прелиминарните показатели, со брзината на ширење во светот ќе го надмине делта сојот.
Во информацијата на СЗО се додава дека се уште не е јасно со што е поврзано брзото ширење на новиот вид на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
