Свет
22. December 2020 - 9:31

Прв случај на локална трансмисија на коронавирусот во Тајван по 250 дена

Тајванското Министерство за здравство денеска соопшти за  првиот локален случај на трансмисија на коронавирусот од 12 април годинава, а станувало збор за пријателка на новозеландски пилот, кој со коронавирусот бил заразен пред неколку дена. Од овие причини Тајван нареди тестирање на повеќе од 100 контакти со кои заразената била во контакт.

Британските медиуми го посочуваат Тајван како земјата која успеа пандемијата да ја задржи под контрола благодарение на превентивните мерки и носењето маски, на кои се придржуваа жителите на оваа земја.

Сите случаи забележани во Тајван во претходните 250 дена се однесуваа на патници кои доаѓале на овој остров во Азија.

Министерот за здравство Чен Ши-чунг изјави  дека новиот, локален, случај на пренесување на заразата дошол од контакт меѓу жена на возраст од триесетина години и пилот од Нов Зеланд, кој во неделата потврдил дека е болен, кога дошол од САД.

Чен додаде дека Новозеланѓанецот неправилно ги пренел деталите за контактите што ги имал, ниту зборувал за местата што ги посетувал.