Прв случај на коронавирус во Шпанија

Во Шпанија е потврден првиот случај на коронавирус на канарскиот остров Хомера, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Вирусот е дијагностициран кај едно од пет лица кои се наоѓале во карантин, откако е откриено дека некои од нив биле во контакт со германски државјанин кој заболел од коронавирус, се наведува во соопштението.
Потврдата на Националниот центар за микробиологија доаѓа веднаш откако авион со група од 27 граѓани на ЕУ, евакуирани од Вухан, слетал во Мадрид.
Ниту еден од Шпанците кои се наоѓале во авионот нема симптоми на вирусот, но тие ќе останат 14 денови во изолација во воената болница во Мадрид.
Истовремено, во Германија е потврден седмиот случај на коронавирус кај работник во компанија во покраината Баварија, каде работат уште петмина кои претходно биле позитивни на тестот. Претходно вирусот е потврден кај дете на работник во истата компанија, што е шести случај во Германија.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
