Прв политички саем на ВМРО-ДПМНЕ за отчет на сработеното во првата година на градоначалниците
365 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, во сабота и недела, Саем на промените што носат иднина.
ВМРО-ДПМНЕ прави прв политички саем во Македонија. Саемот ќе трае два дена. Преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите кои што во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните.
Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.
Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени