Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска во Брисел ќе биде домаќин на првиот Младински политички дијалог за надворешната политика на Европската Унија, кој е замислен како чекор кон обезбедување поинклузивен и младешки пристап кон активностите на блокот ширум светот.
На настанот е предвидено учество на 25 млади на возраст од 19-30 години со различно потекло и од различни региони ширум светот и ЕУ.
Станува збор за млади активисти во сферата на човековите права, глобална дипломатија, климатските прашања, градењето мир и решавањето конфликти, кои со Калас ќе разговараат за надворешно-политичките приоритети на Европската Унија.
Како што соопшти Европската комисија, овој дијалог претставува одраз на посветеноста на ЕУ да работи со младите кон изградба на покохезивна, флексибилна и инклузивна глобална заедница, базирана на заедничките вредности на мирот, демократијата, човековите права и просперитетот.
– Со вклучување на младите, Европската Унија презема проактивен чекор кон создавање иднина која ги одразува аспирациите и грижите на следната генерација, се наведува во најавата за Младинскиот дијалог.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот