Прв меѓународен гастрономски натпревар во Скопје

Здружението на готвачи Гастро мак од денеска до 20 месецов е домаќин на меѓународен гастрономски натпревар со над 100 учесници.
Натпреварувачкиот дел ќе се одржи во хала 4 на Скопскиот саем утре и задутре од 8 до 20 часот. Најавено е присуство на меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, како и гости од Изеаел и Египет, најави организаторот Гастро мак, членка на WACS- Светската асоцијација на шефови на кујни.
Учесниците од земјава и странство, се поделени во јуниорски и сениорски категории, поединечно и тимско ќе се натпреваруваат во повеќе категории. Ќе учествуваат и ученици од угостителските училишта и факултетите за туризам и гастрономија од Македонија.
Паралерно во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопскиот саем, ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.
Ново на Сител
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
