Прв лет Варшава-Охрид

Авиолинија на релацијата Варшава - Охрид се воведува од денеска, во организација на тур-операторот „Rainbow“.
Првото слетување од Варшава на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено за попладне во 16:20 часот.
Најавени се обраќања на Јигит Лачин, аеродромски координатор на ТАВ Македонија, Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид и Катажина Пташињска, конзул на Полска во Македонија.
На Охридскиот аеродром вчера пристигна и првиот авион на „Нордика“ со што стартуваше сезонската директна авионска линија од Талин.
Годинешната летна туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера беше отворена на 15 април со првиот лет од Истанбул. Во мај почнаа да оперираат и авионите од Ајндховен, како и чартер летовите што веќе собраќат од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, а тука се и трите редовни авионски линии до Базел, Цирих и Лондон.
Во првите пет месеци од годинава преку двата аеродрома во Македонија се превезени в822.678 патници, со пораст од 20 проценти на годишно ниво. Вкупно се реализирани 7.196 летови што исто така е зголемување од 17 отсто на годишно ниво.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
