Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години

По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
-Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Марсел де Нојџер, главен извршен директор на Трансавиа, посочи дека со додавањето на Скопје во нивната мрежа, им нудат на патниците уште повеќе можности за патување во рамки на Европа.
-Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута, изјави де Нојџер.
Од ТАВ Македонија истакнуваат дека оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели, како и полесен пристап на патниците да истражуваат нови дестинации, со што ќе се зајакне туристичката индустрија во двете земји.
Детали за достапноста и резервацијата на авиобилети, како и за времињата на пристигнување и заминување може да се најдат на веб-страницата на Трансавиа: https://www.transavia.com/home/en-nl.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
