Македонија
11. јуни 2025 - 12:38

Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје

Во неделата се оддржа Првиот Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија на Светско ниво. Македонија, заедно со уште 7 држави и 4 континенти , вкупно 33 држави од цел свет, е дел од ова глобално заедничко гледање на филмови – документци за уметноста и психологијата.

Единствени на Балканот и во регионот кои беа дел од AIHFF 2025 на кој беа прикажани 13 филмови, под покровителство на СиБиЕс Академија и Гешталт Арт Терапија.

Фестивалот е во организација на терапевтите за експресивни уметности Мери Андрус DAT, LPC, LCAT, ATCS, Закари Д. Ван Ден Берг MA, LPC, ATR-BC, и Џуди Рубин PhD, ATR-BC, HLM – пионерска фигура во уметничката терапија и оригинален документарист во областа – AIHFF кој се оддржува во Портланд, САД е единствено позициониран и длабоко посветен на прикажување моќни приказни што ја осветлуваат трансформативната улога на уметноста, музиката, танцот, драмата, раскажувањето приказни, експресивната терапија и другите креативни модалитети во терапевтските услови ширум светот.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата.