Прв Билтен со пресуди од Европскиот суд за човекови права

Правен Билтен посветен на судската пракса на Судот за човекови права во Стразбур ЕСЧП денеска беше промовиран во Министерството за правда. Билтенот го издава Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП со поддрршка на германската Фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ.
Директорот на Бирото Костадин Богданов информира дека Правниот Билтен ќе ја има улогата да ја пополни, како што рече, празнината во правните публикации во Македонија, преку објавување на најзначајните пресуди донесени од страна на ЕСЧП на секои шест месеци.
- Во првиот број на Билтенот се обработени повеќе интересни пресуди кои главно допираат прашања по членовите 2, 3, 5, 6, 8, 10, 11, член 1 од Протоколот број 1 и член 4 од Протоколот број 7. Иако сите тие пресуди произлегуваат од апликации поднесени до Судот против други држави, истите ќе бидат релевантни и за македонските судии, истакна Богданов.
Тој издвои неколку пресуди од Билтенот кои ги препорача да се прочитаат.
- Би препорачал читателите да го погледнат случајот Гуцанови против Бугарија, во кој Судот констатирал повреда на членот 3 поради нечовекото постапување на полицијата при апсењето на апликантите, како и во случајот Еререн против Германија во кој спорна се јавува должината на притворот од пет години..., истакна Богданов.
Во однос на македонските апликации, рече дека најистакнати се оние во кои граѓаните се жалат на фер судење, како и апликации каде што се тврди повреда на членот 3, кој ја третира забраната за тортура и правата на сопственоста.
- Структурата на апликации во последниот период е значително изменета. Иако на почетокот имавме проблем со должината на постапка, веќе се јавуваат апликации од друг карактер пришто граѓаните се жалат на повреда на други права, додаде Богданов.
Според него апликациите од Македонија бележат тенденција на зголемување. Како што информира, оваа година се очекува да пристигнат околу 700 апликации поднесени до Судот во Стразбур. Минатата година, појасни, Македонија исплатила 400.000 евра оштета на пресуди што, според Богданов, претставува минимална сума во однос на другите држави со големина колку нашата земја.
Билтенот, според издавачот, треба да придонесе кон остварувањето на целта за приближување на Конвенцијата и Стразбуршката пракса до домашните судови на начин кој ќе овозможи како поефикасна примена на Конвенцијата во Република Македонија, така и интезивирање на правната соработка помеѓу Германија преку активностите на фондацијата ИРЗ и Македонија преку Владиниот Агент за затапување пред ЕСЧП.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
