Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
МОН со директиви за обврските на директорите, министерството за дигитална трасформација со укажувања за тоа како професорите да разменуваат важни информации, а притоа да останат безбедни. Сител ги доби указите, кои властите ги испратиле до училиштата за справување со дојавите за бомби.
Заканите дека има експлозивна направа во училиштето стигнуваат на електронските адреси на воспитно-образовните установи. Протоколите налагаат во моментот кога некој наставник ќе забележи дека има дојава за бомба, веднаш го информира директорот. А тој, веднаш врти на 192. Додека пристигне полицијата, децата и вработените се евакуираат на безбедно. Местото за евакуација го одбира директорот.
За поголема безбедност во училиштето, директорите треба да ангажираат и дежурен наставник, кој има за задача да набљудува дали има нешто невообичаено во училишниот двор или непознати лица. Дежурниот наставник мора веднаш да реагира според протоколите, во случај да забележи чуден пакет во дворот или на друго место во училиштето.
И од министерството за дигитална трасформација испратија препораки за заштита од неавторизирани електронски пораки, кои се доста невообичаени од досега познатиот начин за заштита.
Антивирусен софтвер, антиспам филтри, двоен фактор на автентикација, VPN. Модерни алатки за справување со хибридни закани, можеби познати за помладата генерација на професори, што не е случај и со повозрасните воспитно-образовни работници.
Ова е проблем сличен како што се јави оној во короната, кога професорите беа обучувани како да ги користат Тимс и Зум , за да одржат онлајн настава. Дали ќе има активација на специјални ај ти експерти кои ќе им покажат на воспитно образовните наставници за да ги применат овие технички алатки за побезбедна комуникација или ќе бидат приморани сами да се снајдат, се уште не се знае. Проблем е што најголемиот дел од наставниците користат приватни мејлови за на работа. Од министерството за дигитална трансфорамција укажуваат оваа навика веднаш да се промени. Имено, сите што се регистрирани со лични електонски адреси во системите за јавни набавки или останати официјални системи, потребно е веднаш да се ажурираат податоците со то што ќе се влесат електронските адреси на schools.mk
Во меѓувреме, МВР се уште работи на пронаоѓање на криминалците кои пред десетина дена испразнија над 240 училишта во државата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар