Противракетниот систем на Москва може да го заштити главниот град и околината, според руски офицер

Комплексниот систем за противракетна одбрана на Москва и централниот индустриски регион на Русија може да го заштити рускиот главен град од секаков вид непријателски ракети, изјави денеска полковникот Игор Тагиев од воените сили на Противракетната одбрана при Воздухоповно вселенските сили на Русија, јави ТАСС.
- Системот е во постојана борбена готовност и гарантира со веројатност блиска до сто проценти пресретнување на тешки цели, сите постоечки типови на балистички ракети на противниците со среден и интерконтинентален дострел со поделени борбени делови, нагласи рускиот офицер.
- Колку и да се напредни и перспективни балистичките ракети на т.н. трети земји за нашиот систем за противракетна одбрана не претставува тешкотија да ги пресретне, додаде тој.
Тагиев напомена дека противракетниот систем на Москва учествува во обезбедувањето на Меѓународната вселенска станица при ситуации на хаварија, со вселенски апарати во орбитата на Земјата.
- Во интерес на Службата за предупредување од ракетни напади мосовскиот систем редовно се користи за откривање ракетни лансирања од руските космодроми Плесецк и Бајконур, како и од подморниците, кои пловат во Баренцовото, Белото и Охотското Море. Постојано се следат вселенските објекти и се собираат податоци за нив, додаде тој.
Тагиев истакна дека за две до три години на полигонот Сари Шаан во Казахстан ќе биде тестирана руската противракета од нова генерација, а бројот на лансирањата од тој полигон ќе се зголеми неколку пати.
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
