Противпожарна Кавадарци: Во гаснењето на пожарот кај Сирково многу помогнаа жители на селото
Во гаснењето на вчерашниот пожар кај росоманско Сирково, многу помогнаа жители на селото, информираат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Оттаму велат дека станувало збор за еден од поголемите пожари ова лето. Доколку не бил изгаснат навреме, ќе бил и еден од поризичните.
- Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци гаснат пожари низ целата држава а со тоа сме едни од поискусните кога станува збор за гаснење на пожари на отворено. Тоа што го доживеавме ни ја врати вербата во човештвото која за жал полека не напушташе. Кога го примивме повикот за настанат пожар знаевме дека станува збор за нешто сериозно. Веднаш се прати целата смена, се повикаа сите приправни пожарникари, се побара помош од Ј.П Македонски шуми, Ј.П Комуналец, МВР. Кога нашите сили пристигнаа на терен, таму веќе беа организирани 15-20 жители од Сирково со метли и трактори кои правеа пресеки и се бореа со огнените стихии. Браво за нив. Да не беше нивната пожртвуваност, ќе гасневме на тој терен неколку дена, а нивните жители ќе дишеа загаден воздух за тоа време, соопштуваат од Противпожарната единица која делува на територија на кавадаречка и росоманска општина.
Притоа се нагласува дека најважно било што никој не побарал помош од жителите, тие сами се организирале во одбрана на своето село и околината, па затоа им се изразува благодарност.
Ново на Сител
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата