Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
Во Венеција денеска дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се против воведувањето туристичка такса за влез во италијанскиот град, јави Си-Ен-Би-Си.
Некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во областа на плоштадот Пиаца де Рома и да влезат во историскиот дел на Венеција. Други носеа плакати на кои пишуваше „Венеција не е на продажба, таа е заштитена“ и „Не за данокот, Да за домовите и услугите за сите“.
Венеција стана првиот град во светот кој воведе такса за туристите кои го посетуваат. Од денеска тие плаќаат такса од 5 евра за посета на градот од 08:30 до 16:00 часот. Таксата не важи за жителите на регионот Венето, за луѓето кои работат, студираат или се родени во Венеција, како и за туристите кои резервирале ноќевања во градот. Деца до 14 години исто така не плаќаат туристичка такса.
Туристите со резервации за ноќевање во Венеција ќе треба да им прикажат специјален QR код преку нивните паметни телефони на службениците кои ги наплатуваат влезниците. За оние кои немаат паметни телефони, има посебни штандови со претставници на општинските власти, на кои може да им докажат дека имаат право на бесплатен пристап до градот.
Влезот првично ќе се наплатува пробно до 5 мај, а потоа во повеќето викенди до средината на јули. До крајот на годинава ќе се донесе одлука дали новата мерка ќе стане трајна.
Иницијативата е обид да се обесхрабрат туристите кои го посетуваат градот само на еден ден во време на најголемиот метеж.
Според проценките, градот минатата година го посетиле околу 15 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска