Протести во Германија против руската инвазија врз Украина
Десетици илјади луѓе денеска протестираа неколку германски градови против руската инвазија врз Украина, соопштија полицијата и организаторите.
Во Берлин демонстрантите во близина на Бранденбуршката порта истакнаа транспаренти во боите на украинското знаме и натписи: „Стоп Путин“ и „Стоп за војната“.
Во Франкфурт, според полицијата, околу 11.000 луѓе изразиле солидарност со Украинците. Протестите поминаа мирно и без инциденти. Демонстрантите вееја украински и европски знамиња и пееја „Стоп за војната“.
Протести се одржаа во Штутгарт, во Лајпциг и во Хамбург. Протестите беа организирани од сојуз на повеќе од 40 организации за човекови права, синдикати и христијански здруженија.
Според организаторите, околу 125.000 луѓе се мобилизирани низ целата земја, но денеска во Берлин имаше помалку луѓе од пред две недели.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
