Протести во центарот на Хаг, полицијата употреби водени топови
Холандската полиција употреби денеска водени топови и гумени палки со цел да го растури протестот против локдаунот во центарот на Хаг, кој се одржува еден ден пред парламентарните избори во земјата.
Околу 2.000 луѓе изразија незадоволство поради владините мерки, носејќи транспаренти „Љубов и слобода, НЕ на диктатурата“ и фотографии од премиерот Марк Руте со натписи „Ако ја сакате Холандија, не гласајте за нив“.
Голем број полицајци беа распоредени во паркот каде се собраа демонстрантите, но пред почетокот на протестот полицијата предупреди на Твитер дека веќе е достигнат максималниот број на учесници.
Веднаш по објавувањето на твитот, на местото на одржувањето на протестот пристигнале уште стотици луѓе.
Во Холандија на 23 јануари беше воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, што предизвика масовни насилни протести во земјата.
Но премиерот Марк Руте минатата недела истакна дека мерките мора да важат најмалку до 31 март поради континуирано големиот број на новозаразени, додавајќи дека исклучоци ќе бидат направени за да се гарантира изборите од 15 до 17 март да се одржат според планираното.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија