Балкан
10. March 2018 - 21:48

Протести во Букурешт пред одржувањето на конгресот на социјалдемократската партиjа

Одржувањето на вонредниот конгрес на романската Социјалдемократска партија (ПСД) предизвика протести во Букурешт, јави Танјуг.

Демонстрантите се собираа пред седиштето на партијата каде се одржува конгресот и извикуваа „крадци“ и „црвена чума“.

Лидерот на партијата Ливиу Драгнеа е обвинет за перење пари во Бразил, каде надводно купувал луксузни куќи на бразилските плажи.

Драгнеа ги негира обвинувањата.

Лидерот на партијата е под истрага и во Романија, за наводно присвојување пари од проекти кои ги финансирала Европската Унија.