Протести против абортусот во Париз
Еден ден по анти-Трамп протестите во Париз, во неделата попладнето протестираа противниците на абортусот под паролата „Марш за живот", јавува дописникот на МИА од Париз.
На протестот се појавува околу 10.000 луѓе според полицијата и 60.000 според организаторите. Во оваа изборна година новина е поддршката од страна на некои елементи од Републиканската партија и некои блиски на кандидатот-фаворит за претседателските избори Франсоа Фијон.
Портпаролот на „Маршот за животот“ Никола Севиња посебно инистираше на мобилизацијата : „Ние ги повикувме Французите да се мобилизираат во голем број, во еден период од историјата во кој нападот врз почитувањето на животот никогаш не беа толку силни. “
Во писмото објавено во четвртокот, папата Франциско „средечно ги поздрави учесниците на овај настан“. Позицијата на актуелниот поглавар на католичката црква не се разликува многу од таа на неговите претходници.
Пет здруженија против абортусот, во повеќе медиуми, меѓу кои и весникот „Фигаро“, објавија пораки против абортусот, во кои тврдат дека „абортусот е колективен кукавичлук“, со постери на родителите на една бремена жена со цел да покажат дека „секој во одреден момент во својот живот (...) може да имаат одговорност за одлуката за абортус ".
Министерот за човекови Лоренс Росињол, и активистките од групите за женските права беа навредени од „анти-абортус пораката во еден најголемите дневни весници“ во Франција.
Француското Националното собрание оваа недела треба да одлучи за конечно усвојување на предлог-законот со кој се предвидуват казни за веб-сајтовите кои шират „дезинформации" за абортусот, донесен во почетокот на декември во Сенатот. Католичката црква во Франција, преку гласот на нејзините епископи, остро го критикуваше создавањето дигиталната бариера“ која според неа е "сериозно" кршење на слободите.
Организатротите на „Маршот за животот“ имаат за цел да ја стават темата на абортусот во предизборната кампања.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та