Протестен марш за иницијативата „За заедничка Македонија“ во Охрид
Во Охрид и денеска граѓани преку марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

- Ние сме тука за зачувување на унитарноста на Република Македонија, нејзиниот Устав, грбот, знамето и химната, за отфрлање на сите платформи донесени однадвор, а насочени кон уривање на темелите на државата, рече Владо Дичоски во име на учесниците на протестот.
Славица Николовска потсети дека граѓаните веќе десетти ден се тука, собрани во одбрана на, како што истакна, „заедничка унитарна Македонија, држава уредена без албанска платформа изготвена во туѓа држава“.
- Секој ден се помасовно и помасовно граѓаните на Охрид на овие легитимни, демократски протести го искажуваат своето мислење. Народот тука покажува дека има свое мислење, да се бори за унитарноста на Македонија, рече Михајло Филев, учесник на протестот, кој преку медиумите упати повик до сите останати граѓани да застанат во одбрана на заедничката држава.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
