Протестен марш во Неготино
Во Неготино и вечерва се одржа протестен марш. Граѓаните и дадоа масовна поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ и уште еднаш ја испратија пораката за унитарност на државата.
- Зарем со воведување на двојазичност ќе се подобри економијата и зарем осакатувањето на идентитетот, преку промена на националните симболи, говорење на јазик кој ни по писмо ни по звучност не е нималку сличен со македонскиот, може да се нарече патриотизам. Ние не ги мразиме Албанците, тие се наши сограѓани и треба да градиме соживот со нив, но тоа не значи дека треба да биде загрозен идентитетот на Македонците, рече Кристина Палија, магистар по оперско пеење
Таа повика на „не" за двојазичноста и тиранската платформа која, рече, и се заканува на Македонија.
- Оној што не бира начин како да дојде до својата цел, не ги согледува ни последиците од стореното. Но, ние кои сме тука, сме ја согледале опасноста и затоа гласно велиме „не“ на двојазичноста и за албанската платформа, нагласи Палија според која на Македонија и треба стабилна економија, култура и образование за да чекори со европските и светските стандарди.
Естрадниот уметник Ѓоко Ѓорчев ги испеа стиховите од неговата песна „Земја библиска", изрази задоволство што вечерва во 43 градови се протестира против платформата од Тирана и за зачувување на унитарноста и независноста на Македонија.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор