Протестен марш во Гевгелија за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Гевгеличани ќе маршираат по улиците за да го изразат својот гнев и револт се додека политичарите не се откажат и не ја отфрлат тиранската платформа која има цел да ја разнебити Македонија, беше порачано од вечерашниов протестен марш во Гевгелија за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Со цитирање на делови од Македонскиот манифест напишан во 1881 година, гевгеличани порачаа дека ќе останат на браникот за да ја одбранат својата света земја од сите што сакаат да ја редефинираат,делат и присвојуваат.
- Ги повикувам сите чесни граѓани на нашата земја да ни се придружат. Ги повикувам и албанците да дојдат со нас и да продолжиме како и до сега да живееме затоа што подобро е да живееме и пееме заедно отколку да се гледаме преку нишан, рече Биљана Ганди.
Гевгеличани му дадоа безрезервна поддршка на претседателот Ѓорги Иванов да ги употреби сите свои ингеренции за зачувување на унитарноста на државата и да не го дава мандатот на оние кои имаат единствена цел да ја редефинираат Македонија.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР