-->
-->
Протестен марш на „за Заедничка Македонија“ во Куманово
-->
Кумановци и вечерва се приклучија на маршот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„.
Овој пат, граѓаните тргнаа од Соколански парк, поминаа низ централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Граѓаните бараат да се заштити унитарниот карактер на државата и целосно да се отфрли тиранската платформа. Велат дека нема да дозволат менување на химната, знамето на државата, ниту пак да се воведе двојазичност на територијата на целата држава. Кумановци велат дека ќе продолжат со протестите и дека нема да дозволат да се менува сето она што ја чини суштината на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети