Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка
Жителите на Крива Паланка и вечерва по триесетти пат се приклучија на протестниот марш што го организираше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Ги повторија пораките за зачувување на единствена, унитарна Македонија и кажаа дека се против т.н. тиранска платформа.
- Ние Македонците сме трпелив народ. Со верба и трпение сме опстоиле низ вековите, а со непокор и почит кон предците сме докажале дека истрајноста е наша силна страна. Истрајни и сега нема да потклекнеме пред темното зло кое се надвиснало, светлината ќе го победи сивилото и нашиот јазик - наш код ќе опстои, рече Благоротка Стојчевска, поетеса и член на Здружение на пензионерки од Крива Паланка.
Граѓаните масовно излегоа на улиците. Се маршираше од поранешен Далфис, низ Старата градска чаршија, долж главната улица „свети Јоаким Осоговски“, до плоштадот „Карпошово востание“ кај зградата на локалната самоуправа.
Грагјаните мирно се разотидоа и најавија дека марсшевите продолжуваат се до отфрлање на т.н тиранска платформа.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената