Протест во Струмица против аерозагадувањето
Стотина граѓани организирани преку социјалните мрежи денеска два часа протестираа на плоштадот „Гоце Делчев“ против аерозагадувањето во Струмица.
Тие до општинските институции упатија неколку барања за намалување на аерозагаденоста.
– Да се врши континуирана и редовна контрола на индустриските капацитети во попладневните и вечерните часови и да се прави записник со какви реагенси се работи во овие погони, да се овозможи секојдневна контрола на постојаната депонија кај селото Добрашинци, бидејќи истата многу често и со години наназад постојано е во пламен и да се изнајде решение како да се стави крај на безмилосната сеча на дрвјата на планината Еленица и на ридовите над Струмица, кои се всушност нашите бели дробови, рече Данче Стефановска Апостолова.
Според Васко Гогов, најважно е да се почитуваат и спроведуваат законските норми против загадувањето.
– Со казни и санкции сите можеме да се научиме како треба да се однесуваме и да си ја чуваме средината и чистиот амбиентален воздух, рече Гогов, кој додаде дека револтот е насочен кон институциите кои дозволуваат загадувањето да биде енормно, а протестот нема никаква политичка позадина.
Според мерењата, Струмица подолго време е еден од најзагадените градови во државата.
Ново на Сител
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно
-
До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутков
-
Сѐ повеќе Германци сакаат да знаат како биле одгледувани животните од менито
-
Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година
-
Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година
-
ДСЗИ предлага да се покрене постапка за стручен надзор за лекувањето на починатото седуммесечно бебе