Протест пред Собранието против Законот за јазиците и менување на името
Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува протест против воведување на двојазичност и менување на името, а во Жена парк се собираат потписи и се потпишуваат изјави за отповикување на сите делегирани или изведено права на застапување кои ќе бидат доставени до Собранието.
До пред почетокот на протестот потпишани беа околу две илјади изјави, а петицијата се одвива и онлјан.
Ана Бобинкова Мијаковска од Движењето на македонски носители и бранители на државниот суверенитет „Преродба“ кажа дека ова е втор предупредувачки протест и оти тие се против „антиуставниот, дискриминаторниот, сепаратистички закон за двојазичност, промена на името, нелигитмните капитулации, договори и преговори“. Ги повикаа граѓаните, организации и политички парии да им се придружат во напорите за одбрана на македонските интереси.
Дел од Здруженијата кои го поддржуваат протестот најавуваат дека во истиот момент кога Законот за употреба на албанскиот јазик ќе биде објавен во Службен весник тој ќе биде оспорен пред Уставниот суд на Република Македонија.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
