Протест на земјоделците од Кочанско

Со трактори и останата земјоделска механизација земјоделците од општина Чешиново Облешево денеска напладне го блокираа магистралниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево, со што го искажаа својот револт за воведувањето на двојазичност во државата.
- Не сакаме воведување на втор службен јазик во државата особено во градовите во источна Македонија каде што нема ниту едено албанско семејство. Не сакаме да живееме во држава во која народот се дели и се прифаќаат туѓи платформи кои нема да донесат подобра иднина за нас и нашите семејства, истакна Љупчо Николов, земјоделец од село Чешиново.
За Здравко Арсов, земјоделец од село Облешево, секоја идеја за редефинирање на државата нема да помине. Затоа, вели тој, упатуваме порака дека Македонија останува стабилна и економски просперитетна држава која вложува во земјоделството и селото.
Денешната блокада на магистралниот пат Штип-Кочани кај село Облешево траеше околу половина час, по што земјоделците ја отстранија механизацијата од коловозните ленти и си заминаа кон своите населени места, со најава дека протестот ќе продолжи и во наредните денови со блокирање на патот од еден час.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
