Протест на вработените во „Еурокомпозит“
Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блокада на улицата пред компанијата денеска ги продолжија протестите изразувајќи незадоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат протест во Скопје.
Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот, изјави дека не веруваат оти има иднина за фирмата поради, како што потенцира, односот на Владата е крајно несериозен и по последната средба со владините претставници од пред 10-ина дена одговорноста се префрла од едни на други“.
-Повеќе од три години се обидуваме да се најде решение за „Еурокомпозит“, но Владата е крајно несериозна, па, најверојатно, нема решение за нашава фирма. Со последниот разговор што го имавме со претставници на Владата, не го решивме проблемот и мислиме дека нема конечно решение за „Еурокомпозит“. Или нека се затвори, или конечно нека проработи, изјави Богданоски.
Тој додава дека од јануари досега им биле исплатени мали делови од заостанати плати и всушност, немаат плата за овие месеци и не им се исплаќа здравствено осигурување.
Според Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“, директорот не си ја врши работата и затоа вработените бараат негова оставка.
-Побаравме оставка и од овој директор кој, очиглено, ништо не прави за работите да се поместат од статус-кво ситуацијата. Кажува дека има работа, а всушност немаме никаква работа, рече Јагуриноски.
Во „Еурокомпозит“ 154. вработени беа прогласени за технолошки вишок и според законот што беше усвоен од Парламентот, на сите им се иплаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, додека 60-ината вработени чекаат инвеститор и извесна иднина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување