Протест на родителите на деца со попреченост во Битола
Родителите на деца со попреченост од Битола денеска протестираа како што велат револтирани што во Собранието не беа изгласани измените на Законот за заштита на децата. Бараат покачување на посебниот додаток, но и додатокот за туѓа нега.
-Тој додаток е 5000 денари, со законот требаше да се покачи 100%. И тоа ни е малку, но да тргнеме некако. 30 години парите не се покачени, а се е покачено, ние со 5000 денари не можеме ништо. Бараме од пратениците да го вратат законот, било која политичка партија, вели Горан Камчевски, родител на дете со попреченост.
На овој начин сакаат Владата да ги слушне бидејќи се чувствуваат отфрлени.
- Сите кога излегуваат на протест, се се покачува, со нас никој не преговара, така остануваме, ете на пратениците им беше многу тоа да го изгласаат, вели Горан.
-Едниот родител мора да биде со детето нон стоп. Рекоа дека ќе има асистенти, од тоа нема ништо. Побаравме додатокот 100% да се покачи. И тоа го нема. За овие деца треба да се даде минимална плата, едниот родител да биед 24/7 со детето да зема и да седи со детето дома, да зема лекови, има деца со пампериси, вели Гоце Лефтеровски, родител на дете со попреченост.
Родителите најавија протести во петок пред Собрание.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
