Протест на илјадници грчки пензионери заради намалување на нивните пензии
Околу 5.000 пензионери денеска мирно протестираа во центарот на Атина против намалувањето на нивните пензии во последните неколку години, пред се, заради преземените обврски од страна на Грција во спасувачките програми, пренесопа американските медиуми.
Протестот се оддржа во момент кога пратениците се подготвуваат да гласаат за желбата на грчката Влада на пензионерите да им го даде божиќниот додаток како компензација за бонусот, што им беше укинат на барање од кредиторите.
Ветениот додаток создаде тензии со кредиторите, кои изјавуваат дека владата требало да побара одобрение за тоа.
Пензионерите, кои денеска протестираа, сметаат дека предложениот владин бонус е премал.
Евстатиос Бозос изјави дека тоа се премалку ситни пари, кои за многу малку ќе го компензираат 50-процентното намалување на пензиите од последните неколку години.
Грција од 2010 година ги намали платите, ги зголеми даноците и наметна редица реформи за да ги обезбеди потребните заеми, што земјата ќе ја спасат банкрот и излез од еврозоната.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста