Протест на гостиварските угостители, музичари и фотографи, бараат да се укине уредбата за забрана на организирање на веселби
Стотина, угостители, музичари фотографи, сниматели и други лица чија активност е поврзана со свадби, одржаа протестен собир на плоштадот во Гостивар. Тие се пожалија дека петтиот пакет мерки што Владата го објави пред неколку дена, воопшто не ја вклучува дејноста од која приходуваат. На протестот претставниците побараа државата најитно да донесе протоколи за работа, бидејќи тие веќе не работат скоро една година.
Меритон Абази, претставник на угостителската комора за гостиварскиот регион, напомена дека трпат големи загуби и дека повеќе стотици лица останале без работа.
– Владата мора веднаш да го укине членот 14 од Уредбата објавена во Службен весник на 23.06.2020 година, во која се вели дека „забрането е да се организира секаков вид настан (свадба, веселба, роденден) на отворено или во затворен дел од објектите. Ние сме објекти категоризирани за организирање на настани, имаме големи капацитети и имаме можност да организираме и подготвиме настани со протокол според кој работат други „à la carte“ рече Абази на протестот.
Тој побара од институциите најитно да им се дозволи да започнат со работа, а се обврза дека мерките строго ќе се почитуваат.
– Во првата фаза не бараме да ни дозволат да организираме „традиционална македонска свадба“, само сакаме да можеме да работиме под истите услови и протоколи како и другите ресторани. Бараме безусловна финансиска поддршка за сите категории во хотелскиот сектор погодени од пандемијата. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок, подвлече првиот човек на гостиварската комора на угостители Абази.
Учесниците на протестот, музичари, сниматели и фотографи искажаа револт и упатија јавно прашање до владата: како е можно казина да работат, а тие не, а како што рекоа, веќе една година се без работа и никој не се покажал грижа за нив.
Се проценува дека на државно ниво има над 30 илјади лица во овој сектор кои останале без работа поради пандемијата. Тие најавија продолжување на протестите, ако нивните барања не бидат прифатени.
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40