Протече снимка од големата спасувачка акција на Шар Планина
Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео.
Како и детален извештај за целата акција која се одвивала во особено тешки зимски услови.
Раководителот на спасителата служба, Дарио Милошевиќ кој учествувал на повеќе од 700 интервенции во македонските планини и ски центри, укажува дека со лоцирање на нивните мобилни телефони, со сателитски снимки и ГПС уред во екстремно тешки услови како густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски темпаратури, на тежок терен со амбиси и многу карпи, успешно се пронајдени и спасени странските туристи.
Двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово на 10 февруари залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка, единствено што знаеле е дека се наоѓаат покрај некоја карпа.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.
Некаде околу 17.50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
