Македонија
25. August 2016 - 16:20

Проштална средба на Вељаноски со со кинескиот амбасадор Џеншун

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски имаше проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина. Вен Џеншун.

Во текот на разговорот, како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, било потенцирано дека мандатот на Вен Џеншун бил одбележан со активно градење пријателски односи меѓу двете земји и голема поддршка од страна на Народна Република Кина кон Република Македонија.

- Амбасадорот Вен Џеншун изрази длабоко сочувство за жртвите од поплавените подрачја од големото невреме кое на 6 август го зафати скопскиот регион, потенцирајќи дека Народна Република Кина, исто така, се соочувала со слични големи трагедии. Поради пријателството со Македонија, потенцирал Џеншун, Народната Република Кина активно учествува во репарирање на материјалната штета во форма на донација, се вели во соопштението.

Соговорниците изразиле желба натамошната соработка меѓу Народна Република Кина и Република Македонија да продолжи со истиот позитивен тренд во насока на инвестиции, меѓународна и парламентарна соработка.