Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.
Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степени повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.
- По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.
КОП29 (COP29) започнува в понеделник во Баку, Азербејџан.
На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Загина 59-годишен маж од Прилеп: Со возилото излетал од патот
-
Поранешниот Вардарец Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера
-
Кавадарчанка пријавила дека сограѓанин им го попречил патот со ,,југо" и им се заканувал со остар предмет
-
Ахмети - РОКАС: Само предвремени избори се излез од неизвесната политичка состојба
-
Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација
-
Македонскиот јазик во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана
-
Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“, скопските пожарникари интервенирале и на друг поголем пожар
-
Спасен давеник кој паднал од чамец во Дојранско езеро