Бизнис
22. February 2024 - 16:35

Просечната плата стигна до 40.000 денари, дали е доволна за да се помине месецот?

Просечната плата во декември достигна 40,000 денари. Државната статистика пресмета дека за еден месец просекот скокнал за над 1. 600 денари.

Најголемо зголемување на платите има во јавната управа и одбрана, снабдувањето со електрична енергија и градежништвото. За една година платите во овие сектори пораснале над 20 отсто. Зголемувањето ќе продолжи затоа што на работодавчите веќе им е јасно дека не можат да ги задржат работниците со толку ниски примања, кога цените секојдневно одат нагоре, велат од Синдикатот.

Но и ваквиот пораст, сметаат дека не е доволен за да се помине месецот.

- Потребни се над 57.000 денари за да се преживее. Ако семејството нема сопствен стан и живее под ќирија, ќе му бидат потребни над 72,000 денари. Платите ќе продолжат да растат, но некако инфлацијата и трошоците го надгризуваат пред време овај пораст. Цените во маркетите постојано растат. Животот станува се поскап и поскап. Тоа што го гледаме на терен е пониска плата, изјави Иван Пешевски, ССМ

Најплатени работници, со над 1,500 евра месечно се програмерите. Зад нив вработените во воздухопловството, фармацијата, енергетиката. Но, голем дел од работниците и натаму се под просекот. 

- Околу 90% од вработените во државните институции земаат под просечната, да не речам минималната. Каде се пензионерите, студентите.? Ние се уште имаме работници кои живеат со 100, 200 денари на ден, додава Пешевски

Зголемувањето на просечната плата  благо ќе ја зголеми и минамалната плата и пензијата од март, но не се знае дели ќе се усогаласт и платите на администрацијата.