Проодни патиштата во источна Македонија
Сите магистрални и регионални патни правци во источна Македонија се проодни, а сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира техничкиот раководител на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип Кире Коцев, по новите снежни врнежи.
- Моментално не се задржува снегот на кловозот од причина што претходно имавме посолено сол и ризла, но на поедини места може и да се задржува. Добро е што не дува ветер, мирно е сега за сега секаде и е проодно, вели Коцев.
Додава дека во моментов пунктовите на Македонија пат во источна Македонија имаат ризла и сол, а се набавуваат и нови количини.
- Моментално добивме околу 200 кубика ризла и 150 тони сол, на поедини зимски пунктови таа количина не е доволна и во текот на денот ќе доставиме до нив. Тоа се однесува за зимскиот пункт Делчево и Струмица. Таму во текот на денот ќе бидат доставени уште по 40 кубика материјал, рече Коцев.
Истакна дека од утринава целата механизација е вклучена во расчистување на патиштата во источна Македонија. Засега немаат проблеми и застои на магистралните и регионалните патни правци.
Ново на Сител
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно