Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања.
Настанот, како што информираат од Обвинителство, се случил вчера попладне, кога оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда.
-Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата. Оштетената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година