Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат.
-Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања. По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета. Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани.
Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот.
Ново на Сител
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија
-
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
-
Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
-
Наутро ведро и посвежо, преку ден сончевоНаутро ведро и посвежо, преку ден сончево
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела