Македонија
11. August 2024 - 20:26

Пронајдено исчезнатото лице од Дорфулија со помош на специјалните единици

Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од петокот вечерта беше исчезнат, попладнево бил пронајден во безсознание покрај реката Брегалница, кај селото Бекирлија, на територијата на Општина Лозово. Тој со хелихоптер веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека спасувачка потрага и мисија се одвивала покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото Бекирлија. Муратов бил пронајден во животнозагрозувачка состојба, а потоа и спасен. Тој на носилки бил пренесен преку реката Брегалница, а потоа качен во хеликоптер и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.