Пронајдена варикина на прстите и крв на лицето: Нови детали за мистерозното убиство на пејачката Јелена

Семејството на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), чиј труп е најден во април 2016 во Борча, платила адвокат како и форензичари од Нови Сад, за конечно да дознаат каде и како е убиена пејачката, а се со цел да се најде конечно убиецот.
Имено, во текот на истрагата наводно дошле до нови детали - најдени се траги од засушена крв на лицето на Јелена, додека ноктите и биле истурпиени и премачкани со варикина, а убиецот најверојатно била на насипот во Црвенка кај Борча додека полицијата трагала по Јелена.
-Трагите од засирената крв на лицето на Јелена не можеле да исчезнат да е убиена во каналот на насипот. Податокот дека на нејзиното лице имало засушена крв многу зборува за местото и начинот на убиството. Овој податок наскоро ќе биде откриен, а во овој момент рано е да се изнесува во јавност, додава извор близок до истрагата и вели дека се наѕира расплет на мистериозното убиство.
Крсмановиќи го ангажирале и адвокатот Предраг Савиќ во надеж дека ќе го разоткријат убиството на Јелена.

Според зборовите на изворот упатен во случајот, Савиќ пред неколку денови поднел до Вишото јавно обвинителство во Белград предлог за вршење истражни дејства, кои можат да доведат до разрешување на случајот.
-Ангажирани сме како правни застапници на семејството Крсмановиќ. Го анализиравме предметот со Центарот за форензички истражувања од Нови Сад и го предадовме на надлежното обвинителство. Во оваа фаза на постапката тоа е се што може да кажеме, вели за српски Курир Предраг Савиќ.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
