Пронајдена најстарата древноегипетска гробница
Египетски археолози открија досега две неистражени гробници во древниот град Луксор. Во нив се пронајдени скулптури, дрвени маски, слики на ѕидовите, и мумија за којашто се верува дека е стара околу 3,5 милениуми.
Археолозите сметаат дека станува збор за мумија на големец од тогашното Ново Египетско Кралство. Египетското Министерство за антиквитети пак, соопшти дека тие две гробници ги пронашол германски археолог во 1990-те, но доскоро биле запечатени, јавува Би-Би-Си.
Гробниците се наоѓаат на некрополата Драа Абуд Нага, позната по храмовите, а е изградена во непосредна близина на Долината на кралевите, во којашто се погребани многу египетски фараони.
Името на мумифицираниот големец не е познато, но од Министерството истакнуваат дека постојат две можности - дека тој се викал Џехути Мес, име врежано на еден од ѕидовите на гробницата, или пак, се работи за поет по име Маати, име коешто заедно со она на неговата сорпуга Мехи, се напишани на предмет најден покрај мумијата.
Другата гробница се уште не е во целост истражена, стои натаму во извештајот.
Во септември тим арехеолози открија и гробница на кралскиот златар Аменамхата, близу Луксор. Во тоа пронаоѓалиште кое исто така, датира од времето на Новото Кралство, беше пронајдена статуа на златарот, во седечка положба, како и статуа на неговата сопруга.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина