Балкан
25. September 2015 - 11:45

Пронајдена малата Катарина - Oткриено зошто избегала од дома

14-годишната Катерина од Србија изчезна вчера околу 12 часот и 30 минути кога заминала да оди во училиште, но таму не стигнала. Нејзината мајка Моника околу 16:30 часот го пронашла писмото во кое Катерина порачува дека „отишла на неколку дена и да не ја бараат“.

- Помислив дека во прашање е тинејџерско зезање и не придадов големо значење на пораката се додека не помина време во кое обично се враќа дома. Потoa ми се пресекоа нозете и се сетив дека напишала дека оди на неколку дена и да не ја бараме бидејќи нема сигурно да ја најдеме. Ги повикав сите нејзини другарки и дознав дека воопшто не била во училиште, вели Моника и додава дека од вчера непрестано трага по нејзината ќерка. 

Очајната мајка веднаш отишла во полиција и го пријавила своето дете за исчезнато. 

Синоќа таа беше најдена во домот на својата стрина. Избегала од дома затоа што се скарала со другарката.