Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење

Спасувачките екипи денеска во рудникот за јаглен во Велење пронајдоа и трето тело на рудар, со што бројот на жртвите во несреќата што се случи пред два дена се искачи на три.
Несреќата се случила во понеделникот вечерта, кога мокра глина пробила во рудникот, а првата жртва била пронајдена истиот ден, додека вториот рудар е пронајден рано денеска.
– Втората жртва, која утрово беше пронајдена мртва, веќе е пренесена од јамата. Третата жртва се уште не сме успеале целосно да ја откопаме, изјави Марко Мавец, директорот на рудникот Велење, пренесе словенечката агенција СТА.
Мавец истакна дека рудникот Велење е еден од најбезбедните рудници во светот, без сериозни несреќи во последните 22 години.
– Природата е неумолива, а рударството е опасно, рече тој, додавајќи дека семејствата на жртвите ќе добијат паричен надомест.
Рудникот Велење во наредните денови ќе одржи комеморација во спомен на загинатите рудари.
Ново на Сител
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
