-->
-->
Пронајдена гробница во близина на Матка
-->

Машки труп кој се уште не е во фаза на распаѓање пронајден во близина на Горна Матка. Предмалку заврши увидот, а телото беше однесен од страна на погребално претпријатие.
Сител дознава дека станува збор за лице на возраст од 25 до 40 години. Со оглед на тоа што телото е најдено затрупано се претпоставува дека смртта настапила насилно, но Судска медицина ќе треба да ја открие точната причина за смртта.
Телото било пронајдено вчера околу 19:00 часот, а местото било обезбедено се до 11 часот кога екипите го почнале увидот.
-Полициски службеници при вршење обиколка во Горна Матка, во близина на карпите, пронашле човечки труп во фаза на распаѓање. На местото на настанот се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
Полициските службеници во моментот работат на идентификација на телото.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
