-->
-->
Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон
-->
– Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес.
Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле. Потрагата по телата и можните преживеани продолжува.
Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката Потомак додека се обидувал да слета на националниот аеродром Роналд Реган во близина на Вашингтон.
Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот