Македонија
24. November 2025 - 12:13

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство

На 23.11.2025 околу 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес кај осуденикот М.К.(38),  кој се вратил од викенд отсуство, пронајдени се и одземени марихуана и таблети.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.