Пронајден жив Кинезот кој пред 17 дена беше пријавен за исчезнат по земјотресот
Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, пренесува АП.
Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој по 17 дена бил пронајден жив од локален жител, јави кинеското радио.
Ган Ју и неговиот колега Луо Јонг останале во хидроелектраната Вандонг на 5 септември за да им помогнат на повредените колеги и да помогнат во спречување на поплави со испуштање вода од браната. Ган и Луо се обиделе да заминат и пешачеле околу 20 километри во планините околу хидроцентралата.
Неделава во потрагата се вклучи и земјоделец кој живее во близина на хидроцентралата и го знае теренот и по неколку часа го слушнал Ган и го нашол под дрвјата.
Според кинескиот весник China Daily, Ган рекол дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје. Тој бил пренесен во блиската болница, каде што лекарите откриле дека има неколку скршеници, јавува АП.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи