Македонија
13. January 2024 - 19:08

Пронајден починат 43 годишен маж во фирмата во која работел

На 12.01.2024 во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Порој, тетовско, во објект на градежна фирма, А.Н.(43) од Р.Албанија, кој бил вработен во истата фирма, бил пронајден починат.

Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти МВР.