Македонија
2. January 2016 - 12:54

Пронајден мртов маж во хотелска соба во Охрид

Вчера околу 10,00 часот во Охрид, во хотел „Гранит“ во хотелска соба пронајден е починат 65- годишниот Владо Д. од Охрид.

Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидина екипа од СВР-Охрид, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.