Промовирана збирката раскази и песни за деца „Моето патување во Фантазија“
Збирката раскази и песни за деца „Моето патување во Фантазија“ беше промовирана денеска и претставува книга која содржи 80 песни и раскази на деца од второ до четврто одделение од училиштата во целата земја.
– Успеавме другарчиња! Ова е една од оние книги од деца за деца без реклами што ја прекинуваат забавата на најинтересното, немаат батерија што се троши, може да се ископира, да паузираш, да ги враќаш најубавите моменти во неа колку сакаш и повторно да ги читаш. Книгата што вие ја напишавте! Вие сте автори на оваа книга која ќе биде новогодишен подарок за децата од основните училишта во целата наша земја, порача денеска премиерот Зоран Заев обраќајќи им се на децата на промоцијата на збирката.
Вашите раскази и песни во оваа книга, додаде Заев, се неверојатно добри, одлични! Тие, како што рече, се сериозни творби на деца од второ до четврто одделение.
– Сите песни и раскази се многу значаен придонес и собрани во оваа книга стануваат дел од нашето богатство на книги за деца. Секоја ваша песна и расказ е дијамант во оваа круна на литературно богатство, рече Заев.
Тој ги покани сите деца и идната година да пишуваат раскази и песни, да напишат уште една книга и да имаат цел да направат нова библиотека од книги напишани од децата.
Канцеларијата на претседателот на Владата на 10 јуни годинава го распиша конкурсот за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето патување во Фантазија“. Темата произлегла од предновогодишниот настан „Писмо од Фантазија“.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“